Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави скратениот список на ракометари кои ќе останат во комбинација за настап на Мундијалот во 2025 година.
Лазаров повика 20 ракометари за подготовките што ќе стартуваат на 22 декември, а ракометарите ќе добијат слободно за празниците.
На списокот ги нема Филип Талески и Мартин Томовски, кој е резерва, како ниту повредениот Никола Костески, кој исто така е во резервите, а подготовките ќе се одвиваат во Србија, Македонија и Хрватска.
Меѓу резервите се уште и Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Филип Николов, Самоил Ристевски, Марио Танкоски и Михаил Аларов.
Македонија ќе игра на 8 јануари против Хрватска, додека на СП 2025 во групата ќе има натпревари против Холандија, Унгарија и Гвинеја.