Лазаров и неговите момци ги дознаа арбитрите за двомечот со Хановер

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа.

Македонски претставник ќе биде тимот од Автокоманда, кој ќе се соочи со бундеслигашот Хановер.

Првиот натпревар ќе се игра во „Свис Лајф Арена“ во Хановер на 31 август со почеток во 17:00 часот, а таму ќе судат Маиа и Нуњес од Португалија, додека делегат е Олесен од Данска.

Втората средба што е на програмата на 6 септември од 19:30 часот во салата во Автокоманда, ќе ја судат Романците Пирву и Потирниче, а делегат е Башев од Бугарија.

Победникот од овој двомеч ќе се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.