Лазаров го објави списокот за дуелите со Словенија

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лааров, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за двата квалификациски натпревари со Словенија.

Во однос на составот со кој настапи на Светското првенство нема големи изненадувања, па така повторно без повик остана Филип Талески, а голманот Мартин Томовски е сместен меѓу резервистите.

Меѓу повиканите ракометари се најде и големата надеж Дамјан Митев, кој го пропушти Светското првенство поради повреда, а на списокот го нема дефанзивецот Мијајло Младеновиќ.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“, додека возвратниот дуел е во Копер на 16 март од 18:30 часот во салата „Бонифика“.

Македонија досега ја победи Естонија и загуби од Литванија, но и натаму е во добра позиција за пласман на континенталниот собир во Данска, Шведска и Норвешка.