Лазаров доби „опомена“ за црвениот картон

Тренерот Кирил Лазаров ќе може да го води својот тим до крајот на сезоната, иако на последниот меч во Автокоманда против Еурофарм Пелистер доби директен црвен картон од судиите.

Дисциплинската комисија на РФМ експресно донесе одлука, и му изрече дисциплинска санкција – опомена. Во образложението се вели дека тоа е согласно член 112, односно член 52 од Дисциплинскиот правилник на РФМ.

Мечот во Автокоманда заврши со победа на Еурофарм Пелистер од 29-23, а во 41 минута Лазаров го доби црвениот картон. Претходно имаше санкција, казна од 2 минути.

Нервозен беше селекторот на македонската репрезентација, го држеа соиграчите, и двајцата делегати. Следуваше канонада од зборови упатени кон судијата, и на видео снимката на ТВ воопшто не изгледаше спортски, професионално и културно.

Моментот кога Лазаров го доби црвениот картон…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Mоментот кога ЛАзаров доби 2 минути и неговата реакција