Македонија ја победи Романија со 24-23 во последното коло од ЕП и ќе заврши најверојатно на третото место во групата ако не се случи некое чудо.
Селекторот Кирил Лазаров направи кратка анализа на одиграното и го потенцираше македонскиот менталитет.
„Треба да бидеме задоволни, но малку ми е криво, затоа што добро го отворивме мечот, но не издржавме, затоа што бркавме разлика и мислам дека тоа ни засмета. На крај спасувавме пораз, бидејќи Романија имаше напад за водство. Имавме пехови со повредата на Маркоски, црвениот картон на Аларов, малку ни „снема бензин“, не можевме да ротираме и трчаме. Дефанзивата беше добра, но бевме прочитани и многу едноставни во нападот. Но реми, победа и пораз, уште ми е во мисла нападот што требаше да го имаме за победа над Португалија. Минатата година имавме добиени натпревари против Унгарија, Австрија, некако ни се повторуваат тие моменти и мора нашиот менталитет да го свртиме во победнички. Да ни дадеме некој три бода пред ЕП, ќе звучам нескромно, ќе ги прифатев, но во потсвеста ќе размислував поинаку и ќе речев дека одиме на изненадување“, изјави Лазаров.
Следен предизвик за Македонија ќе биде баражот за СП 2027 година.


























