Лазаревски: Година и кусур стискав заби!

Македонскиот вицепрвак Вардар ќе ја започне новата сезона ослабен. Искусниот кружен напаѓач и репрезентативец, Милан Лазаревски, ќе паузира најмалку три месеци поради повреда на рамото.

Лазаревски мораше да се подложи на оперативен зафат во Загреб, кој успешно го изведе доктор Никола Чичак.

Македонскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи.

„Година и кусур стискање заби дочека свој епилог. Искрено благодарам на сите за прекрасните пораки, ве ценам многу! Се гледаме наскоро“, напиша Лазаревски на Инстаграм.

Овој хендикеп за „црвено-црните“ доаѓа во период кога тимот се подготвува за стартот на сезоната.

Вардар ќе ја отвори со големото дерби во Супер Купот против Еурофарм Пелистер, но претходно најголемите македонски ривали ќе се сретнат на регионалниот турнир Скопје 2025.

Голем удар за Вардар: Милан Лазаревски го чека долга пауза!