Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше на гостински терен кај Текстилец во Штип со 34-30 во натпреварот од 19 коло во Првата лига.
Иако домашните ракометари во поголем дел од мечот ја имаа контролата и водството од пет гола во повеќе наврати, а и реми 27-27, во последните десетина минути, сепак на крајот остана без бодови.
Тогаш Тотиќ погоди два пати по ред за 29-27, беше 32-29 и немаше веќе време за домаќините да се надеваат на пресврт. Дополнително штипјани останаа без Атанасовски во финишот кој доби црвен картон, а тие реагираа на арбитражата на судиите Димков и Јованов.
Последните неколку минути се играа со многу прекини, а последните 45 секунди двете екипи си ја подаваа топката и не сакаа да играат.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Михаел Тотиќ со 13 и Бојан Чакалиќ со девет гола, додека кај Текстилец се истакнаа Лазар Стојанов со осум и Филип Џинес со шест погодоци.


























