„Лавиците“ скокаат едно коло, Металург Автокоманда носител, Чаир и Куманово во втор шешир

Европската ракометна федерација денеска ги објави сите екипи што ќе играат во женскиот ЕХФ Европски Куп.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров е највисоко рангирана наша екипа (на седмата позиција) и ќе стартува од третото коло.

Тимовите на Металург Автокоманда, Чаир и Куманово ќе го започнат својот европски пат од второто коло.

Металург Автокоманда го „фати“ последниот воз и ќе биде во првиот шешир пред ждрепката, додека Чаир и Куманово ќе биде дел од вториот шешир.

Ждрепката за второто и третото коло во ЕХФ Европскиот Куп ќе се одржи на 15 јули. Натпреварите од второто коло ќе се играат на 27/28 септември, односно 4/5 октомври, додека оние од третото коло