Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја запиша четвртата победа во Супер женската лига, откако славеше против Вардар со убедливи 35-26.
„Лавиците“ на Симе Симовски одработија рутински против вардарки. Повеода со 4-0, но гостинките полека се вратија во рамнотежа и израмнија на 9-9.
Сепак тоа беше краткотраен блесок на избраничките на Анжела Платон, па Ѓорче Петров до паузата направи плус четири, 15-11.
Во второто полувреме домаќинките го засилија темпото и не дозволија во ниту еден момент Вардар да помисли за некаков резултатски камбек.
Предводнички на Ѓорче Петров беа Емилијана Ризоска и Армина Исиќ со по седум погодоци, а кај Вардар девет гола даде Дона Тодоровска.

























