„Лавицата“ Вранчиќ доби репрезентативен повик

Десното крило на македонскиот шампион Ѓорче Петров, Ана Вранчиќ, доби репрезентативен повик за Босна и Херцеговина.

За време на ЕХФ неделата, ќе стартуваат квалификациите за Светското првенство 2025, што ќе се игра во Холандија и Германија.

Босна и Херцеговина ќе биде во група со Косово и Белгија, а само победникот од квалификацискиот турнир што ќе се игра во Ојпен оди во баражот за СП.

Покрај Вранчиќ, селекторот на Босна и Херцеговина, Аднан Башиќ, повика уште четири интернационалки, додека 11 ракометарки доаѓаат од домашното првенство.

Босна и Херцеговина ќе се собере на 21 октомври во Сараево, а квалификациите за СП 2025 ќе се играат од 25 до 27 октомври.