По парагвајската репрезентативка Сабрина Фиоре од Чаир, уште една претставничка од македонската Супер лига ќе игра на Мундијалот во Германија и Холандија.
Станува збор за десниот бек на македонскиот шампион Ѓорче Петров, Кристина Радајева, која веќе се приклучи на националниот тим.
Радајева настапува за селекцијата на Казахстан и се најде на скратениот список на селекторот Александар Шицко.
Казахстан ќе има тешка задача да обезбеди место во главната рунда на СП, бидејќи се најде во групата Х со Норвешка, Ангола и Кореја.

























