Ракометарите на Загреб вечерва против Монпелје на домашен терен го играта првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион во групната фаза покажа дека може да се носи со секој, па така во „Арена Загреб“ падна и најбогатиот европски клуб ПСЖ.
Најзаслужен за пласманот на Загреб во осминафиналето е тренерот Андрија Николиќ, кој жешкото столче на „плинарите“ го наследи, откако клубот ја прекина соработката со Ненад Шоштариќ.
Николиќ до назначувањето како главен тренер немаше големи амбиции, ланската сезона сакаше да го остави ракометот, па дури и да продава мандарини, но сега веќе стана хит во европската елита.
43-годишниот стратег секогаш кога имаше смена на кормилото во Загреб одлично го водеше клубот како привремен тренер и ги постигнуваше зацртаните цели на клубот.