Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија го суспендираше тренерот на пионерската екипа КЛ7 Свети Николе, Мики Панев, и тој ќе биде надвор од ракометните терени на следните десет натпревари.
Панев беше исклучен на мечот меѓу КЛ7 Свети Николе и Куманово што се одигра на 28 октомври уште во 5. минута.
Незадоволен од судиска одлука, тој се однесувал недолично и тргнал физички да се пресметува со арбитрите Наум Александровски и Стефан Кузмановски, па доби директен црвен картон, како и син картон.
По исклучувањето на Панев, тимот на КЛ7 до крајот на мечот со Куманово го водеше неговиот асистент Илија Конев. Кумановци победија со 23-16.
Ова не е прва суспензија за Панев. РФМ го суспендираше една година по инцидентот што лани се случи во Велес, но очигледно лекцијата не е научена, па и оваа сезона ќе биде надвор од ракометот на десет меча.
Тренерот на МРК КЛ 7 Свети Николе година дена надвор од ракометот