Исландскиот тим Валур, кој играше против Вардар во групната фаза од Лигата на Европа минатата сезона, нема да игра во европските купови оваа сезона.
Валур не го искористи правото да се пријави во ЕХФ Европскиот Куп, па така претставници на Исланд ќе бидат шампионот Фрам во ЛЕ, како и Хафнарфјордур и Стјарнан во ЕХФ Европскиот Куп.
Валур го освои трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување пред две сезони, но сезонава реши да паузира од Европа поради финансиски причини.
Поголем дел од финансиите ќе бидат насочени кон женскиот тим на Валур, кој сезонава го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп и од септември ќе се проба во Лигата на Европа.