Лани го водеше Вардар, сега стана селектор на Чиле!

Некогашниот тренер на Вардар, а сегашен на американскиот тим Калифорнија Иглс, Гиљермо Милано, ќе има уште еден предизвик во кариерата.

Аргентинскиот стратег откако долго време беше селектор на машката селекција на „гаучосите“, сега ќе води и женската репрезентација.

Милано стана селектор на Чиле и ќе ги води јужноамериканските ракометарки на претстојното првенство на Средна и Јужна Америка.

Аргентинецот со Вардар минатата сезона го освои трофејот во Купот на Македонија, беше на чекор до титулата во Супер лигата, но загуби во решавачкиот натпревар дома од Еурофарм Пелистер и доби отказ од „црвено-црниот“ тим.