Лајонс Дистрикт 132 најавија поблиска соработка со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија во иднина, со цел да им се овозможат подобри услови за натпреварување. Тоа е дел од соработката што постои меѓу Лајонс на глобално ниво соопштија од организацијата на средбата со новинарите, а сега ќе ја има и во нашата земја.
Еден од плановите на Лајонс Дистрикт 132 во Македонија е и да го приближи параолимпискиот спорт „Голбол“ поблиску до потенцијалните натпреварувачи. Лани веќе имаа и еден турнир, а во план е соработка со соседните земји и воспоствување на повеќе натпревари, за ова категорија на лица.
Во голбол, играчите мора да носат непроѕирни превзи на очите во секое време за да се обезбеди фер конкуренција, односно сите спортисти кои учествуваат треба да имаат помалку од 10 проценти вид и се класифицирани како Б3, Б2 или Б1 – целосно слепи. Тимовите се составени од шест играчи, со три члена кои играат во секое време. Целта на играта е да се фрли топка покрај противниците и во нивната мрежа за да се освојат поени.
Повеќе од 30.000 деца од предшколска возраст, во минативе шест години, минаа низ скрининг прегледи за вид благодарение на неколкугодишната активност на членовите на Лајонс Дистрикт 132, беше потенцирано на денешната средба со новинарите.
„Поминавме низ многу села, градови, установи, институции и со ангажман на обучени лајонс членови и офталмолози придонесуваме во општеството за рано откривање на пречки во видот кај децата. Како резултат на овој проект издејствувавме промени во Законот за образование да се внесат задолжителни прегледи на очи пред децата да одат во прво одделение. Наша цел е да влијаеме на општеството за подобрување на животот на ранливите групи. Овој проект се реализираше во соработка со Фондацијата Лајонс клуб Интернешнал и УСАИД и чинеше повеќе од милион долари“, рече Бети Деловска, гувернерка на Лајонс Дистикт 132.
Големината и основната мисија на лајонизмот е волонтерство, односно начин на живот.
„Сите ние го даваме своето најдрагоцено од себе – нашето време. Се вложуваме во акциите, собираме средства и донации и донираме продукти. Има луѓе на кои им требаме, им подаваме рака и одвојуваме време да понудиме утеха. Ние го даваме своето слободно време што е најдрагоцен ресурс за секој човек, изјави Харалампи Коцев, прв вице-гувернер на Лајонс Дистрикт 132.
Лајонси сметаат дека како единка тешко потешко може да се помогне или смени нешто, но кога сте повеќемина тоа е многу полесно. И дека не сте постигнале ништо во животот ако од вашето време не сте потрошиле за да им помогнете на други,
Маја Костовска, втор вице-гувернер на Лајонс Дистрикт 132 потенцираше дека сите членови се волонтери во организацијата. „Кога бев поканета да бидам дел од организацијата си поставив прашање „зошто“. Затоа што заедно можеме повеќе. Кој било поединец може да направи многу, но заедно можеме многу повеќе. Заедницата и ранливите групи имаат огромен бенефит од нашите активности. Ние сме на терен и работиме со заедницата. Се почнува од клубот и од нивните членови“.
Лајонс Дистрикт 132 вклучува 460 членови од Македонија, кои се поделени во 30 различни лајонс клубови. Лајонизмот дејствува како организација дава поддршка на ранливи групи и групи со посебни потреби, но и поддршка при катастрофи како и поддршка на сите глобални цели на Обединетите нации.
Лајонс интернешнл е формирана во 1917 година од страна на Мелвин Џонс, која денес станува најголема хуманитарна сервисна организација во светот. Основна мисија е дека Лајонсите се Витези на слепите, кои функционираат во 145 земји во светот. Моментално, броиме речиси 1.450.000 членови во сите земји во светот. Членовите во една држава се организирани во Клубови, кои потоа формираат Дистрикт.