Покрај олимписките квалификации, изминатите три дена се играа и пријателски натпревари ширум Европа.
Селекцијата на Србија одигра два меча зад затворени врати против Полска, а селекторот Борис Ројевиќ имаше победничко деби на жешката клупа.
На овие два меча со Полска настапија петмина ракометари од Вардар и Еурофарм Пелистер – Урош Борзаш (4), Богдан Радивојевиќ (2), Матија Николиќ, Марко Срдановиќ (1) и Дарко Ѓукиќ (5).
Исланд победи убедливо два пати на гости кај Грција, Црна Гора со двоен триумф ја испрати Грузија, Франција без мака ги совлада Аргентина и Египет, додека Јапонија загуби од истите ривали.
Светскиот првак Данска со изменет ростер ја совлада Швајцарија, додека Холандија и Чешка одиграа без победник.
Русија и Белорусија одиграа тромеч во Казан, Чехов и Москва, а домашните остварија две победи.
Пријателски натпревари, резултати:
Полска – Србија 25-26
Полска – Србија 28-36
Грција – Исланд 22-33
Грција – Исланд 25-32
Романија – Македонија 32-27
Романија – Македонија 28-24
Јапонија – Египет 30-37
Франција – Аргентина 32-23
Црна Гора – Грузија 34-20
Црна Гора – Грузија 29-19
Холандија – Чешка 29-29
Аргентина – Јапонија 35-23
Данска – Швајцарија 30-25
Франција – Египет 39-31
Русија – Белорусија 31-28
Русија – Белорусија 27-28
Русија – Белорусија 37-28