Романскиот шампион и еден од најбогатите женски клубови во Европа, ЧСМ Букурешт, промовираше шест нови ракометарки за наредната сезона.
Составот на Бојана Поповиќ ќе го пополнат унгарските репрезентативки Ченге Кучора и Доротја Фалувеги, кои доаѓаат од Турингер, односно Битигхјам и ќе ги засилат средната бековска и десната крилна позиција.
На среден бек ќе игра и руската репрезентативка Дарија Дмитриева, која по две сезони во Ференцварош се сели во Романија.
Во ЧСМ Букурешт ќе брани и романската репрезентативка Дениса Сандру, која доаѓа од градскиот ривал Рапид Букурешт, а доѓаат и две скандинавки.
Станува збор за левиот бек од Шведска, Тира Акснер која досега беше дел од Мец, и пикерот од Фарски Острови, Перниле Брандеборг, која доаѓа Сторхамар.
Од друга страна, ЧСМ Букурешт ќе остане без триото голманки – Морески, Хосу, Ериксон, а заминуваат и Фрерикс, Омореги, Смитс, Јауковиќ, Остергард…

























