Босанскиот тим Слобода Тузла ова лето се засили со четворица ракометари што играа во Македонија последната или претходните сезони.
Станува збор за грузискиот репрезентативец Хазеин Рустамов, кој по настапите во Прилеп и Охрид, беше дел од Искра Бугојно а сега ја засили Слобода, како и за голманот Берин Бркиќ, кој минатата сезона ја мина во охридскиот тим.
Покрај нив двајца, босанскиот претставник во Европскиот Куп ги договори и десното крило Балша Чејовиќ и левиот бек Лука Иваниќ.
Црногорецот Чејовиќ исто така играше пред една сезона за Охрид, додека Иваниќ минатата сезона ја одигра во Бутел Скопје, а претходно настапуваше за Металопластика Шабац.
Слобода Тузла се надева дека со оваа четворка ќе биде конкурент на Извиѓач, Борац Бања Лука…за домашните трофеи, како и на меѓународна сцена каде во првата рунда од Европскиот Куп ќе игра со косовскиот Кастриоти.