Кузмановски во ТОП 10 стрелци во Лигата на шампионите

Со убедлива победа од 32:26 против Фуксе Берлин, ракометарите на Магдебург ја освоија својата петта титула во ЕХФ Лигата на шампионите, на завршниот Ф4 турнир кој се одигра во Келн.

По финалето, Европската ракометна федерација ја објави и топ-листата на стрелци за сезоната 2024/25, каде што Македонија има свој претставник меѓу најдобрите.

Иако Еурофарм Пелистер не го помина групниот сегмент, капитенот Филип Кузмановски блесна со лични настапи, потврдувајќи дека се наоѓа во најдобра форма во кариерата.

Тој успеа да постигне 87 гола на 14 натпревари, доволно за место во ТOП 10 стрелци во Лигата на шампионите.

Матијас Гидсел од Фуксе Берлин е најдобар стрелец на сезоната со 135 голови, уште една потврда на неговата доминација на европската сцена.

ТОП 10 стрелци на сезоната 2024/25:

Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) – 135
Марио Шоштариќ (ПИК Сегед) -130 
Ласе Андерсон (Фуксе Берлин) – 115
Мартим Кошта (Спортинг Лисабон) – 105
Камил Шипжак (ПСЖ) – 104
Валеро Ривера (Нант) – 88
Ајмерик Мин (Нант) – 88
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – 87
Тим Фрајхофер (Фуксе Берлин) – 82