Кузмановски: Веруваме во нашиот квалитет – ќе ги израдуваме сите

Машката репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Филип Кузмановски се наврати на бараж двомечот со Фарски Острови и потоа ги сподели очекувањата од настапот на Мундијалот.

„За мене беа тешки квалифиакциите против Фарски Острови. Таму беше тешко да се вратиме и психички да го одиграме реваншот. Македонскиот инает и македонското срце беа клучни – одигравме со срце и се квалификувавме. Така треба да изгледа таа Македонија, со нас поискусните и со новите млади момци. Имаме тешка група, но одиме чекор по чекор, со сите репрезентации, добро ги анализираме, максимално се спремаме за секој детал, знам и сигурен сум дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Ќе покажаеме како треба да се игра за Македонија. Целите ни се високи, веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека ќе ги израдуваме сите“, изјави Кузмановски.

Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, а првиот натпревар ќе го игра на 15 јануари против Унгарците.

Лазаров: Сакале или не, мора да признаеме – Македонија има страшен континуитет од 2012 година