Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го започнува настапот на Европското првенство во Германија.
Македонија во рамки од првото коло од главната фаза ќе се соочи со репрезентацијата на Франција.
Еден од репрезентативците на Македонија токму против Франција го имаше деби настапот на едно големо натпреварување.
Тоа беше членот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, на кој првиот настап на Европските првенства му беше во Полска (2016).
Македонската репрезентација и на континенталниот собир во Полска се судри во Франција во првото коло, тогаш „триколорите“ триумфираа со 30:23, а Кузмановски успеа да постигне еден гол.
Натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток од 18:00 часот.