Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е лидер на листата на стрелците на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Капитенот досега има постигнато 41 погодок на пет натпревари, што е во просек повеќе од осум погодоци по натпревар.
Второто место го делат Франкис Марзо од Катар и Рутгер Тен Велде од Холандија, кои постигнаа по 40 погодоци на досега одиграните натпревари.
Кузмановски ќе одигра најмалку уште еден натпревар на СП, оној против Франција, па ќе има шанса уште повеќе да го зголеми својот учинок.