Кузмановски: Најважна е победата

Машката репрезентација на Македонија славеше против Естонија со 37-33 и имаше победнички старт на квалификациите за ЕП 2026.

Филип Кузмановски, кој ја имаше капитенската лента во отсуство на Никола Митревски, вели дека најважна е победата, иако фаворитската улога не беше оправдана до крај.

„Никој не потценуваме и знаеме дека сите играат ракомет. Иако бевме фаворити, не ја оправдавме таа улога да победиме со голема разлика, но треба да се радуваме на оваа победа. Имавме три дена за нивна анализа, нападот добро функционираше, не им помагавме на голманите, а ниту ние немавме помош од нив. Во вториот дел бевме малку нервозни, но во последните дваесетина минути се консолидиравме, ги казнивме нивните грешки и со помош на публиката стигнавме до победа. Се надеваме дека ќе бидеме многу поквалитетни понатаму, кога имаме многу повеќе време за подготовки, сега е најважно е само да победуваме, а одиме и во недела на победа“, изјави Кузмановски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде гостувањето во Виљнус кај Литванија на 10 ноември од 17:00 часот.

Македонија на “мускули” до стартна радост