Кузмановски: Можеме да бидеме далеку подобри

Македонија загуби очекувано со 34-22 во првото коло од селекцијата на Данска, иако имаше кратки добри интервали во играта.

Капитенот Филип Кузмановски вели дека тој и соиграчите можат да пружат подобра партија од оваа против светскиот и олимписки првак.

„Во грч го отворивме мечот, но против Португалија и Романија ќе бидеме поопуштени. Ќе направиме анализа, тоа што го кажавме пред ова првенство дека со Данска ќе пробаме да изненадиме, но тоа навистина е тешко. Се работи за фаворит за злато. Нашиот таргет се Португалија и Романија, ако ги поправиме грешките и ако бидеме послободни, без респект, со верба во себе, можеме да бидеме далеку подобри од овој меч. Кога ќе ги анализираме сите мечеви, имаме многу технички грешки и промашени зицери, но се трудиме да го поправаме. Мора да сме на минимум грешки на следните мечеви ако сакаме да победиме. Во текот на подготовките направивме анализа на сите селекции, добро познаваме од каде доаѓа опасноста на Португалија. Тие исто така трчаат. Данска беше добар тест за она кое не чека против Португалија“, изјави Кузмановски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Португалија в недела од 18:00 часот.

Данска е од друга планета: Македонија со пораз го отвори ЕП