Kузмановски: Ќе се бориме 60 минути

Македонската репрезентација од денеска е во данскиот град Хернинг, каде што од петок ќе игра на Европското првенство.

Капитенот Филип Кузмановски го најави настапот на континенталниот собир, на кој Македонија има тешка група со домаќинот Данска, Португалија и Романија.

„Имаме тешка група, но ние играме за Македонија, се бориме за Македонија. Ние сме млад тим и ќе покажеме нешто на овој турнир. Сакам да го пренесам моето искуство на моите соиграчи. Долго време сме заедно – три, четири години играме заедно и сите се познаваме. Ова е силната страна за нас. Ќе го покажеме нашето најдобро“, изјави Кузмановски.

Прв е ривал е домаќинот Данска.

„Имаме мотивација затоа што играме против Данска. За мене, Данска е фаворит за титулата. Играме во Данска, во полна сала, и тоа ни дава мотивација. Но, нашиот менталитет кога играме на гости во полна сала со многу навивачи од Данска е дека имаме мотивација да го покажеме нашиот квалитет. Ќе се бориме 60 минути против Данска. Во Данска има многу големи имиња – Гидсел, Питлик, Лауге, Нилсен…Ова е тешко, но ова е и мотивација, затоа што тоа се петте најголеми ѕвезди во овој тим. Клучот за нас е одбраната. Без одбрана не можеме да се победува на овие натпревари“, заврши Кузмановски.

Првиот меч на ЕП, Македонија го игра в петок против Данска во „Јуске Банк Боксен“ со почеток од 20:30 часот.