Машката сениорска репрезентација на Македонија запиша победа и пораз на пријателскиот двомеч со селекцијата на Јапонија.
Капитенот Филип Кузмановски ги сподели своите импресии по драматичниот натпревар во Куманово, кој го добија „самураите“ со 32-31.
„Во овој период, ова беше најдобриот можен ривал со кој можевме да играме. Јапонија е селекција што игра брз ракомет, со брза транзиција и брзо враќање, полуконтра…ова е ракометот што се игра во Европа и во светот. Треба да ги анализираме овие две средби, не бевме комплетни и имаме уште многу што да покажеме, но ова е правецот кон кој треба да се движи Македонија. Ова е првиот чекор кон ЕП, каде што треба да бидеме максимално спремни за Данска, Португалија и Романија. Имавме добри моменти, но и лоши кои треба да ги поправиме. Сметам дека одиме во нагорна линија. Не сум среќен со поразот, но со поголем фокус, оваа Македонија ќе биде уште подобра понатаму“, вели Кузмановски.
По оваа ЕХФ недела, ракометарите се враќаат на клупските обврски до 20 декември, пред да се соберат за подготовките за ЕП 2026.
























