Европската ракометна федерација направи рангирање за најпродуктивните дуа во нападите на клубовите учесници во ЛШ за досегашниот дел од сезоната.
Филип Кузмановски и Усама Хосни котираат високо на табелата, па така се наоѓаат на второто место според процентот на одговорност во офанзивниот дел на Еурофарм Пелистер.
Се работи за статистичките параметри на нападите кои завршуваат со аут, со седум метри, или пак со загубена топка.
Дуото на македонскиот шампион има високи 39,3% одговорност за офанзивниот дел на битолскиот тим, а на втората позиција се наоѓа данското дуо од Фуксе Берлин – Матијас Гидсел и Ласе Андерсон со 45,6%.
Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот ќе му гостува на Фуксе Берлин и ќе се обиде да освои бод или два за да ги задржи шансите за осминафинале.