Александра Кузмановска ќе ги води пионерките на Вардар

Александра Кузмановска, една од младите, но перспективни тренери во Македонија, во иднина ќе работи со пионерките на Вардар.

Под нејзино водство, младите вардарки веќе ги започнаа подготовките за претстојната сезона. Станува збор за исклучително талентирана генерација, што за Кузмановска претставува дополнителен предизвик.

Покрај оваа нова улога, таа ќе продолжи да работи и во сениорскиот тим на Вардар како тренер на голманите, а ќе работи и со најмладите категории.

Минатата година, Кузмановска го надгради своето тренерско образование и се стекна со највисоката тренерска лиценца – Мастер Коуч, што ја вбројува во елитната група македонски тренери.

Со ова, Вардар уште еднаш покажува дека вложува во квалитетен тренерски кадар и во развој на младите генерации кои треба да ја носат иднината на македонскиот женски ракомет.