Селекторот на машката кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за „Трофеј Карпати“.
Кузманоски ќе смета на 17 ракометари за трите меча против Романија, Полска и Србија од 17 до 19 октомври.
Собирот на кадетите ќе биде на 14 октомври во вторник во 19:00 часот во салата „Антон Димитров“.
Ова ќе бидат главните тестови за кадетите пред квалификацискиот турнир во Луксембург каде против домашната селекција, Грција и Финска ќе се бори за пласман на ЕП 2026.