Машката репрезентација на Македонија започна со подготвителниот период пред настапот на Олимпискиот младински фестивал.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски првата фаза ќе ја заклучат со настапот на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ од 13 до 15 јуни.
На овој собир нема да бидат ракометарите на Еурофарм Пелистер кои се завршниот турнир во Лигата на шампионите, како и двајцата интернациолаци – Стојановиќ и Угреновиќ.
Таму Македонија ќе одигра четири натпревари, кои треба да бидат генерална проба за настапот на ЕМОФ.
Македонија ќе ги игра натпреварите во СРЦ „Кале“, а во групата покрај нашата селекција се наоѓаат и Исланд, Шпанија и Хрватска.
Ракометните натпревари од ЕМОФ ќе се играат од 21 до 26 јули.