Кузманоски прозиваше, бутелци стартуваа со тренинзи за новата сезона

Ракометарите на Бутел Скопје ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2025/26 под водство на тренерот Горан Кузманоски.

Стручниот штаб ги имаше на располагање сите 23 ракометари на кои ќе смета за новите предизвици на домашна и меѓународна сцена.

Првиот пријателски натпревар ќе биде одигран во Пехчево против екипата на Вардар на 9 август, а потврдени с еучествата на турнирите во Струга и Прилеп, каде клубот го очекуваат уште шест натпревари во претсезоната.

Бутел Скопје ги донесе браќата Архангел и Атанасиј Трсунови, потоа голманот Благојче Трајкоски, како и левите бекови Давид Гришикашвили и Петар Николоски.

Тимот на Кузманоски ќе биде активен на домашна, но и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп, каде ќе се соочи со тимот на Дуделанж од Луксембург.