Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, објави список на ракометари за престојниот собир.
Кузманоски ќе смета на 18 ракометари, сите од домашното првенство за собирот од 2 до 5 јануари.
Во тој период во Скопје, македонските кадети ќе одиграат пријателски двомеч со селекцијата на Црна Гора.
Двете репрезентации обезбедија учество на Европското првенство за кадети што ќе се игра во август 2026 година во Србија.


























