Селекторот на кадетската репрезентација, Горан Кузманоски, го објави поширокиот список на ракометари за подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал.
Кузманоски ќе смета на 25 ракометари на подготовките кои ќе бидат одработени во Пехчево, а пред настапот на ЕМОФ, списокот ќе биде скратен.
За разлика од претходниот собир и пријателските натпревари на турнирот „Марко Божиновски“, сега се приклучуваат ракометарите од Еурофарм Пелистер, како и двајцата интернационалци – Стојановиќ од словенечкиот Тримо Требње и Угреновиќ од австрискиот Грац.
Македонија е во групата А со Исланд, Хрватска и Шпанија, а своите натпревари ќе ги игра во СРЦ „Кале“.