Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува реваншот со Дуделанж од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Бутелци имаат шанса за историја, да поминат едно коло во Европа, во четвртиот обид, а сега се на милиметри од таков чекор.
Тимот на Горан Кузманоски славеше со 31-27 во првиот меч на гостински терен, вели дека и покрај триумфот, мора да се биде претпазлив.
„Генерално се работи за екипа која што игра доста брзо, со брз пренос на топка, шутерски се доста расположени како и што очекувавмве на првиот меч. Гледано после првиот меч, ние сме поквалитетни според резултатот, но мораме да бидеме претпазливии да не се залажуваме само затоа што имаме предност од четири гола“, вели Кузмановски.
На првиот меч не играа капитенот Димитар Ѓеоргиевски и јапонскиот интернационалец Рио Козакаи.
„Имавме хендикеп, покрај Димитар и Рио, таму во 5. минута ни се повреди и Давид Гришикашвили, кој имаше главна задача во одбрана. Останатите одиграа добра одбрана, нападот посебно во првиот дел функционираше добро и имавме мал број технички грешки, ако се има предвид дека игравме на гости. Голема помош имавме и од Благојче Трајкоски, кој беше на висина на задачата“, продолжи Кузманоски.
Тренерот на Бутел Скопје посакува уште една победа.
„Мора да земеме во предвид дека во денешниот ракомет се е можно. Мораме да бидеме 100% коцентрирани и да имаме сигурност посебно во напад. Грешките во одбрана оваа недела ги коригиравме и се надевам на позитивен резултат и на овој натпревар. Не е лесно, кога ќе играте со растоварен тим кој доаѓа и нема што да загуби“, вели Кузманоски.
Повторно Бутел Скопје нема да биде комплетен.
„Во тимот сега би требало да се вратат Димитар Ѓеоргиевски и Рио Козакаи, додека останатите од првиот меч исто така треба да бидат подготвени за настап. Грузиецот Давид Гришикашвили, кој се повреди во Луксембург, нема да игра утре“, заврши Кузманоски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Дуделанж се игра утревечер во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот, а влезот ќе биде слободен.