Селекторот на машката кадетска репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за квалификацискиот турнир во Луксембург за пласман на ЕП 2026.
Кузманоски ќе смета на 18 ракометари, сите од домашното првенство, а во споредба со ЕМОФ ќе ги нема двајцата интернационалци, Андреја Угреновиќ и Милош Стојановиќ.
Како дел од подготовките за овие квалификации Македонија одигра пријателски натпревари против Полска, Романија и Србија.
Македонија ќе се бори со Луксембург, Грција и Финска од 31 октомври до 2 ноември.