Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува последната суперлигашка пресметка, а гости во салата „Антон Димитров“ ќе бидат „сино-белите“ од Автокомана.
Тренерот Горан Кузманоски, вели дека Бутел Скопје секогаш влегува со 100%, против било кој противник.
„Бутел оваа сезона влегува секогаш со 100%, против било кој и да игра. Плеј-оф натпреварите оваа сезона се израмнети и затоа првенството до последното коло е неизвессно. Ние во овај натпревар ќе влеземе максимално мотивирано иако гостите се фаворити“, вели Кузманоски.
Бутел веќе ги прави плановите за наредната сезона.
„Направени се плановите за следната година, ќе има промени во играчкиот кадар и ќе има освежување со млад играчки кадар. На позициите каде што ни фалат играчи веќе сме потполнети, останува еден до два играчи за да го затвориме ростерот. Амбициите и цел на клубот секако дека ќе биде плеј-оф. Ќе биде доста тешко и не очекува напорна сезона“, заврши Кузманоски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и „сино-белите“ од Автокоманда се игра в недела од 17:00 часот во салата „Антон Димитров“.