Kурнон најде замена за Колев

Тимот на Курнон Доверњ, каде што тренер е Македонецот Марјан Колев, го откри името на неговиот наследник од лето.

Станува збор за 33-годишниот француски стратег Гијом Дупен, кој најдолго време од кратката кариера мина водејќи го Анже.

Потоа седеше и на клупата на Анеси, а на лето ќе го преземе Курнон Доверњ, откао Колев ќе си замине.

Македонскиот стратег пет сезони ја водеше женската екипа на Ница, ќе комплетира три сезони во Курнон и успешно ја полни својата биографија.