Кур испиша историја – стана прв тим од Азербејџан што мина барем едно коло во Европа!

Претходните три дена беше комплетирано второто коло во Европскиот Куп, по кое се познати 32 екипи што се пласираа во третата рунда. Момент за одбележување е пласманот на азербејџанскиот тим Кур во третото коло, бидејќи испиша историја.

Кур го победи кипарскиот тим Строволус во двата меча што се играа во Баку, а ова беше првпат во историјата на азербејџанскиот ракомет, некој клуб од оваа држава да помине барем едно коло во европските купови!

Во тимот на Кур покрај локалните ракометари, има седум интернационалци – по еден од Нигерија и Србија, како и петмина од Црна Гора, од кои двајца имаат искуство од Македонија.

Станува збор за Божидар Симиќ, кој ги носеше дресовите на Вардар Јуниор и Радовиш, и десниот бек Огњен Лековиќ, кој своевремено играше во Битола.

Освен Кур, во третото коло со две победи место обезбедија „сино-белите“ од Автокоманда, грчките Диомидис и АЕК Атина, романската Баја Маре, босанскиот Извиѓач, српскиот Партизан, словенечкиот Целје, италијанскиот Бриксен, естонската Полва, австриските Вест Виен и Кремс, норвешките Драмен, Рунар и Арендал, кипарскиот Анортозис, црногорскиот Ловќен…

Покрај тимот на Кире Лазаров, македонски претставници во третото коло ќе бидат Горан Андоновски и Стефан Атанасовски со косовскиот Раховец, како и Бојан Маџовски со Партизан.

Европски куп, 2 коло, резултати:

Металопластика (Србија) – Крка (Словенија) 30-32, 28-28
Парнасос Строволу (Кипар) – Кур (Азербејџан) 31-35, 29-32
Висе (Белгија) – Диомидис Аргус (Грција) 21-26, 30-37
Хари Ап (Холандија) – Полва Сервити (Естонија) 21-25, 27-36
Баја Маре (Романија) – Бејкоз (Турција) 44-30, 47-39
Сасари (Италија) – Извиѓач (Босна и Херцеговина) 38-39, 28-32
Грачаница (Босна и Херцеговина) – Целје (Словенија) 35-43, 26-33
Анортозис Фамагуста (Кипар) – ПАОК (Грција) 30-24, 37-33
Охрид (Македонија) – Потаиса Турда (Романија) 31-25, 29-39
Партизан (Србија) – Берхем (Луксембург) 35-24, 27-22
Винтертур (Швајцарија) – Слобода Тузла (Босна и Херцеговина) 24-26, 29-20
Алкалоид (Македонија) – Драгунас Клаипеда (Литванија) 42-31, 37-31
Х71 (Фарски Острови) – Бриксен (Италија) 33-40, 30-34
Фасано (Италија) – АЕК Атина (Грција) 20-38, 26-39
Кремс (Австрија) – КРАС Волендам (Холандија) 29-26, 35-33
Пореч (Хрватска) – Лондон (Велика Британија) 36-24, 33-18
Еш (Луксембург) – Мотор Запорожје (Украина) 26-32, 29-46
Борац (Босна и Херцеговина) – Јерусалем Ормож (Словенија) 26-20, 19-33
ВИФ (Фарски Острови) – Вест Виен (Австрија) 22-29, 34-30
ЧСМ Букурешт (Романија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка) 25-37, 26-29
Бешикташ (Турција) – Динамо Панчево (Србија) 34-27, 22-26
Добеле Тенакс (Летонија) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина) 24-26, 25-25
Баки (Азербејџан) – Ловќен (Црна Гора) 21-41, 23-37
Ловосице (Чешка) – Беса Фамгас (Косово) 38-28, 27-35
Олимпијакос (Грција) – АОН Фиверс (Австрија) 30-21, 29-35
Арендал (Норвешка) – Драма (Грција) 37-35, 36-24
Бохолт (Белгија) – Раховец (Косово) 32-29, 25-37
Повашка Бистрица (Словачка) – Робе Жубри (Чешка) 25-20, 27-29
Свиеса (Литванија) – Мистра (Естонија) 34-30, 25-31
БК-46 (Финска) – Брно (Чешка) 41-29, 29-23
Хаукар (Исланд) – Кокс (Финска) 35-26, 29-27
Драмен (Норвешка) – Хапоел Холон (Израел) 35-29, 35-22