„Купот на пријателството“ во СЕХА без македонска екипа

„Купот на пријателството“ во организација на СЕХА лигата оваа година ќе се одигра во рускиот град Чехов.

За разлика од минатата сезона кога македонскиот шампион Еурофарм Пелистер беше дел од турнирот во Турција, оваа сезона тој ќе биде без екипа од нашата држава.

Турнирот ќе се игра во рускиот град Чехов, каде покрај домаќинот Чеховски Медведи, ќе играат уште три странски екипи.

Доаѓа белоруската СКА Минск, потоа екипата од Узбекистан – Алмалик, како и екипата од Бахреин – Ал Мухарак.