Организаторите на традиционалниот „Куп на пријателството“ на СЕХА лигата, кој требаше да се одржи во Белград од 29 до 31 август 2025 година, објавија дека е одложен.
На турнирот требаше да настапат белорускиот вицепрвак Мешков Брест, рускиот шампион Зенит, српската Црвена Звезда и грчкиот првак Олимпијакос,
Одлуката за одложување е донесена поради безбедносни причини, а организаторите најавија дека новиот термин за одржување на натпреварувањето ќе биде дополнително соопштен.
На претходниот турнир минатата година во Турција играше и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.