Неколку дена по финалето на „Купот на пријателството“, каде Еурофарм Пелистер загуби од Мешков Брест, беше избран и идеалниот тим.
Меѓу најдобрите седум се најдоа и двајца ракометари на македонскиот шампион – левиот бек Емилијан Ѓорговски и десното крило Богдан Радивојевиќ.
Српскиот репрезентативец даде 15 гола на двата меча, а на првиот против Чеховски Медведи имаше девет од девет.
Ѓорговски беше одличен на финалето против белорускиот првак Мешков Брест и даде шест гола.
Покрај двајцата пелистерци, во идеалната седморка се најдоа и голманот Артем Грушко од Чеховски Медведи, левото крило од Мешков – Едуард Јарош, средниот бек од АЕК Атина – Димитриос Панајоту, десниот бек од грчкиот тим – Александрос Кукулас, како и пивотот Виктор Фурцев од Чеховски Медвди. За МВП беше избран плејмејкерот Валентин Куран од Мешков Брест.