Во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе учествуваат 14 екипи. Тие ќе бидат поделени во четири групи, согласно пласманот во минатата сезона.
Првата и втората група ќе бидат со по четири екипи, додека третата и четвртата група ќе имаат по три екипи.
Во првиот шешир ќе биде Ѓорче Петров, Куманово кој е актуелен освојувач на трофејот во Купот, како и екипите на Вардар и Чаир.
Полуфиналните двојки во овие групи ќе се играат по принципот 1-4, 2-3, а победниците на четирите групи ќе се пласираат на завршниот турнир.
Куп на Македонија, жени, ждрепка:
шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Вардар, Чаир
шешир 2: Пелистер, Овче Поле СУ, Стружанка, Шампион
шешир 3: Астибо, Деспина, Скопје
шешир 4: Гевгелија, Спартак, Металург Автокоманда