Денеска и утре Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Четирите екипи што обезбедија место на Ф4 ќе имаат шанса да се борат за важниот трофеј, а актуелен бранител на трофејот е тимот на Кирил Лазаров.
Рекордер по бројот на трофеи е тимот на Вардар – со вкупно 16, додека на второто место е Металург со шест, а Еурофарм Пелистер има пет, но последниот освоен во далечната 2005 година.
На по еден трофеј се имаат радувано ТК Бренд (2002), Куманово (1993), Борец (1994) и „сино-белите“ од Автокоманда минатата сезона.
Куп на Македонија, мажи, Ф4:
полуфинале:
31 мај, 17:00 Вардар – Алкалоид
31 мај, 19:30 Охрид – Еурофарм Пелистер
финале:
31 мај, 17:00
Очекувањата на тренерите и капитените на екипите што ќе се борат за трофејот во Купот може да ги прочитате во продолжение…
КУП Ф4 2025 – Милано: Навивачите на Вардар заслужуваат да ги израдуваме со трофеј
КУП Ф4 2025 – Алонсо: За да освоиме Куп трофеј по 20 години, мора да бидеме на највисоко ниво
КУП Ф4 2025 – Кузмановски: Ќе пресуди мотивацијата и желбата за победа
КУП Ф4 2025 – Алушовски: Можеби сме аутсајдери, но Охрид покажа дека може против секого
КУП Ф4 2025 – Тасески: Се надевам дека ќе дојдат и „нашите пет минути“