Вардар иако имаше негатива и од четири гола во првото полувреме успеа да се врати, во игра и на полувреме да замине со само негатива од еден гол, 13-14. Можат „гостите“ од Автокоманда да бидат задоволни за водството, но и да жалат што немаат поизразено водство, бидејќи во текот на целото прво полувреме имаа предност.
Неколкупати „црвено-црните“ имаа шанса и можност да израмнат, правеа технички грешки. Во последната минута одбраната на вардарци украде топка, но ударот на Срдановиќ заврши во блокот на противникот кој доби шанса да зголеми на два гола, ама последниот удар упатен кон голманот Еспиња заврши во неговите нози и раце.





Вардар – Алкалоид КУП 2025




















Двете екипи тргнаа со агресовна одбрана, па затоа имаше вкупно седум исклучувања и исто толку пенали. Немаше нежности, туку секој дуел наликуваше на борба. Тешко поминуваа ударте на Борозан и Горига од девет метри, бидејќи беа неутрализирани. Не поминуваа ниту топките до пивотменот Лазаревски. На другата страна круилото Александар Петковски имаше најмирна рака, па сите четири гола му беа од игра, а и „сините“ тешко наоѓаа пат до голот на Еспиња. Тие имаа пет седмерци во нивна корист од кои четири реализираше Мартин Серафимов.
Само што почна второто полувреме Борозан донесе израмнување, а потоа Вардар имаше шанса и да поведе, но ништо од тоа. Тимот од Автокоманда пак направи предност од 19-17, во 37 минута. Се играше брзо на двете страни, па затоа имаше повеќе голови. Само за 90 секунди Вардар израмни, на 19-19. Неколку минути предноста беше во корист на „гостите“, а Пинто двапати не успеа да го надмудри Галевски.
Тоа што Вардар не го искористи, ривалот го погоди,па повторно имаше два гол апредност за „сините“, 21-19. Брзо Лазаревски погоди, и пак беше еден гол негатива. Но, Петковски и Дамјан Митев погодија за нова предност од дав гола, 23-21 во 46 минута од средбата.
Секој промашен удар значи казна, па откако двапати Вардар се одбрани, во напад успеа да врзе два гола и да израмни на 23-23 во 48 минута. Крсманчиќ од пенал двапати не го совлада Галевски, а потоа Вардар прими гол, и имаше исклучување на Танкоски во 50 минута од мечот. Со играч помалку Николиќ па донесе израмнување, и неизвесност во последните десет минути од средбата.
Горига во 51 минута му носи водство на Вардар , второ на мечот, после почетните 1-0. Сега притисокот беше на страната на Кирил Лазаров кој веднаш побара минута одмор за да ги среди редовите и да подели совети. Во завршницата на мечот веќе нема „поправен“, секоја топка е важна, секој гол е значаен. Еспиња ги „спои нозете“ и го одбрани ударот на Мартин Серафимов во 53 минута од средбата. Цепелинот на Вардар не успеа за водство од два гола, а топката на Серафимов заврши како „жива“ во рацете на Еспиња.
Матија Николиќ со третиот гол на мечот донесе предност од 27-25 за Вардар во 55 минута од мечот. Сега Вардар беше тој што диктираше темпо, но Франциско Силва со „торпедо“ намали на 27-26. Галевски не дозволи да прими гол, и го одбрани зицерот на Лазревски, но топката остана кај Вардар. И пак Галевски го одбрани ударот на Лазаревски. На спротивната страна Серафимов од пенал израмнува на 27-27 во 57 минута.
На техничка грешка на Вардар, или пак не досуден фаул од судиите, во контра „сините“ поведоа со 28-27, а потоа судиите го исклучија Џонов. Но, и покрај таа одлука тие отидоа на гледаат видео снимка. Во последните 120 минути Вардар че има предност од играч. Но, ударот на Вуко Борозан го одбрани Галевски, давајќи му шанса на својот тим да зголеми на „плус 2“. Веќе почна последната минута, а Вардар во контра израмни на 28-28. Последните 20 секунди ги има тимот на Лазаров, кој на 10 секунди до крај бара тајм аут.
Последниот напад заврши со фаул од Борозан врз Серафимов, па судиите пак гледаа видео снимка. Но, освен исклучување на Црногорецот немаше друга одлука. А последниот удар на Митев заврши во рацете на Еспиња. И следуваше одлука шутирање пенали.