КУП 2024: Георгиевски – Да не го разбраниме Трајковски

Играта во одбрана секогаш е сегмент на кој внимаваат тренерите, а играчите посакуваат лесни голови, и што е можно помалку одбрани на противничкиот ривал. Вардар сезонава, па и во плејофот по 12 одиграни натпревари, ја има најдобрата одбрана, и примал во просек по 21,6 голови по натпревар, а нападот давал во просек по 26,6 гола.

Сегементот на добра одбрана треба да биде клучна и на вечерашниот меч против тимот од Автокоманда. Дуелот с еигра во СЦ „Борис Трајковски“ од 19,30 часот. Победникот ќе се сретне со Еурофарм Пелистер во недела, повторно во Скопје.

Сините предводени од селекторот Лазаров по вторпат се на завршниот Ф4, и ова им е единствена шанса да освојат трофеј. Вардар пак ја брка рекордната 17. титула во Купот, и градскиот ривал им е првата пречка.

Сезонава вардарци бе атрипати поуспешни во меѓусебните дуели. Победија „црвено-црните“ во финалето на турнирот во Струга во август (25-20) и двапати во домашното првенство (24-21 и 27-23). Нивните дуели се секогаш полни со дуели, со силни одбрани. Овојпат е само еден меч, 60 минути кој им носи финале.

„Секој меч е разлиачен. Последниот што го игравме беше неубав за око, но одбраните беа на високо ниво на двете страни. Малку постиганти голови. Ние ќе гледам да одиграме подобро одбрана. Тоа е секогаш клучот, вели Гоце Гергиевски, капитенот на вардарци.

Пролетва двапати играа меѓусебе, па имаат веројатно подготвено и тактика. Секој тренер ќе се обиде да најд енешто ново, со кое ќе ја направи поскауваната разлика.

„Тие сигурно ќе пробаат нешто ново бидејќи двапати пролетва загубија. Ние се спремаме. Се знаеме меѓусбе, „горе -долу“ нема некои големи тајни. Најголемата опасност ќе доаѓа од Митев, кој е мотор на екипата. Разигрува, но и сам напаѓа. Мартин Серафимов ќе шутира и од далечина. Голманот Трајковски ако го разбраниме може да биде проблем. Еден од тие сегменти е да не го разбраниме, смета Георгиевски.