И со новиот тренер, кумановци немаа сили да освојат нови бодови, па остануваат само на една победа онаа во првото коло. Сега како домаќини, во 6. коло пред домашна публика пак загубија, овојпат од„сино-белите“ од Автокоманда, со 21-35. Куманово останува на последните три места од долниот дел на табелата, а гостите држат ритам со лидерот Вардар.
Натпреварот започна израмнето, со приклучок на Куманово до резултат 5-6, но тогаш гостите од Скопје ја презедоа контролата. Со серија од 4:0, тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров првпат се одлепи на 5-10, што беше јасен сигнал во кој правец ќе се движи дуелот. До крајот на првиот дел гостите постепено ја зголемуваа предноста и заминаа на пауза со сигурни 10-17.
Вториот дел почна во ист стил па со нова, скопјани веднаш направи нова серија од 3-0 и поведе со 20-10, со што практично го реши прашањето на победникот уште во воведните минути од продолжението. Куманово немаше сила да одговори, а искусниот противник рутински ја контролираше играта и резултатот.
Кај гостите најрасположен беше Мартин Серафимов со 8 гола, а по 5 постигнаа Улфар Тордарсон, Емилјан Ѓорѓовски и Ненад Костески. Кај Куманово се истакнаа Борјан Цековски и Тоше Ончев со по 5 погодоци.