Тимот на Куманово во продолжение на сезоната нема да смета на двајца интернационалци кои минатото лето ги продолжија договорите со клубот.
Станува збор за хрватскиот среден бек Лука Матачиќ и бразилскиот десен бек Гиљерме Да Силва Фернандеш, кои веќе две недели не се членови на кумановскиот клуб.
Откако Куманово загуби од Прилеп на домашен терен со 29-28, управата на клубот им се заблагодари за соработката на двајцата странци, кои очигледно не го дадоа тоа што го очекуваа од нив во Куманово.
Кумановци по тој меч загубија на гости кај Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје и во Автокоманда, а ремизираа дома со Пролет.
Во моментов во Куманово играат тројца интернационалци – бразилскиот десен бек Габриел Гуедеш, српскиот лев бек Огњен Радојичиќ и кубанскиот голман Армандо Мартинез.

























