Куманово со прва плеј-оф победа

Ракометарките на Куманово ја забележаа првата победа во плеј-офот од Женската лига, откако славеа против Астибо со 30-22.

По едно реми и три порази од фаворитите за титулата, Куманово на домашен терен немаше големи проблеми против штипскиот тим.

Избраничките на Славиша Димитријески поведоа со 6-0 и беше јасно во каков правец ќе се движи овој дуел.

На паузата беше 17-11 за домаќинките, а во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки од двата тима, но немаше големи промени.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Мемов со шест и Марија Петреска со пет гола, додека кај Астибо се истакна Марија Анчева со осум погодоци.

Сега Куманово има 3 бода на четвртото место, додека Астибо е на шестото место на табелата без бодови.