Куманово со голем пресврт го освои Штип

Тимот на Куманово славеше на гостувањето кај Астибо во Штип со 29-24 со пресврт, иако на паузата имаше негатива од три гола, 16-13.

Штипјанки имаа и плус шест, 12-6 во текот на првиот дел, пред крајот на првото полувреме водеа и со пет гола, 14-9. Но во вториот дел Азеведо и Нестороска ги земаа работите во свои раце, Куманово направи пресврт по негативата од 19-17, со серија од пет гола поведе со 22-19.

Домаќинките се вратија на минус еден, но голманката Ана Марија Горговска имаше неколку одбрани во серија во финишот, плус Астибо остана без тренерот Дејан Величков, кој поради приговор доби црвен картон и пивотот Жанет Мутемека која исто така се пресели на трибините по трите исклучувања.

Тоа го искористи Куманово, отиде на 27-23 и веќе немаше дилеми околу победникот во Штип.

Најдобри стрелци во победничкиот тим без Азеведо со 11 гола, Нестороска со седум и Павлова со шест погодоци, додека кај Астибо, Анчева имаше 11 реализации.

Куманово сега е петто место со седум бодови, додека Астибо останува на шестата позиција со пет бода.